Изложбата „Живот во кутија“ на Драги Неделчевски во Берн

Изложбата „Живот во кутија“ на Драги Неделчевски во Берн

Во рамките на фестивалот CULTURESCAPES BALKAN 2013, од 3 – 8 декември 2013 година во City Gallery – PROGR (Kulturpunkt.ch) во Берн, Швајцарија, по изложбите во Скопје (2009), Белград (2011) и Сараево (2013), беше отворена изложбата на фотографии „Живот во кутија“ од македонскиот фотограф Драги Неделчевски.

dragi-2Изложбата „Живот во кутија“ на Драги Неделчевски во Берн

Со 40 црно-бели фотографии, избрани од вкупно 1200 фотографирани за девет месеци во текот на 2008/2009 година, авторот го документира семејниот живот на неговото семејство и животот на главниот лик – неговиот син Мане, заболен од церебрална парализа. Драги Неделчевски, татко и фотограф, на чувствителен начин преку фотографија го опишува секојдневниот живот на Мане, ги доловува емоциите и чувствата на неговиот син од непосредна близина.

Изложбата „Живот во кутија“ на Драги Неделчевски во Берн

Моментите на радост и тага, љубов и болка, игра и други секојдневни активности се преточени во еден голем портрет со големо достоинство, без непотребна патетика – портрет кој раскажува универзална приказна за животот.

Изложбата „Живот во кутија“ на Драги Неделчевски во Берн

Извор