Изложба во Чифте амам – „Париз те сакам“

Делта на 41 македонски уметник кои во изминатите години беа на двомесечен студиски престој во Меѓународниот град на уметностите во Париз, денеска ќе бидат изложени во Националната галерија на Македонија, односно во Чифте амам. Изложбата е насловена „Париз, те сакам“ и е организирана по повод Светскиот ден на франкофонијата.

Париз

Почнувајќи од 2002 година, Министерството за култура на Република Македонија го поддржа  претставување на повеќе од 100 уметници, кои имаа можност да разменат искуства со уметници од Франција и од други држави, да контактираат и посетат институции од областа на културата во Париз и да договорат соработка со соодветни галерии.

Македонија од 2006 година е официјално членка на меѓународната организација на Франкофонијата каде преку бројни активности доследно ги промовира и афирмира вредностите на франкофонските земји и дава свој придонес во остварувањето и развивањето на дијалогот меѓу културите.