Изложба во Чифте амам „Критична маса ~ Првиот бран“

Вечерва (4 септември ) во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе се отвори самостојната изложба на младиот автор Димче Димески, со наслов „Критична маса ~ Првиот бран“.

Изложба во Чифте амам „Критична маса ~ Првиот бран“

Неговиот проект е дело замислено како амбиентална просторна инсталација од повеќе елементи – објекти поврзани со минијатури. Авторот употребува различни материјали- жица, плексиглас, дрво, стиропор, електронска опрема, со цел да даде визија на една матрица на град каде што секој гледач може да се поистовети како дел од него, но и да придонесе кон промени и обнова на свеста на глобално ниво.

Уметникот Димче Димески (1988), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј“, Скопје, на катедрата по вајарство, во класата на Беди Ибрахим. Тој е член е на ДЛУМ од 2011 година и еден од основачите на уметничката група „ЅЕЕ“ во 2012 година. Во 2012 година е добитник на традиционалната награда од ДЛУМ за скулптура мал формат „ Димо Тодоровски“

Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, а заинтересираните ќе може да ја посетат до 15 септември.