Изложба „Piece of cake“ на Урош Вељковиќ

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во петок (27 мај) ќе се одржи изложба „Piece of cake“ на Урош Вељковиќ со почеток од 19:00 часот.

Вељковиќ е млад уметник од Скопје, кој од рана возраст покажува интерес за цртање и сликање. По средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ кај професорот Ѓорги Чулаковски – Ѓото се запишува на Ликовната академија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот графика со графички техники и графички дизајн во класа на професорот Костадин Танчев – Динка и дипломира во 2007 година.

Досега имал седум самостојни изложби во државата и соседството, а учествувал и во групни изложби кои се одржувале во Србија, Лос Анџелес (САД), Израел, Кина, Чешка итн.
Во 2010 година, ја добива годишната награда „Петар Мазев’’ за сликарство на годишната изложба на ДЛУМ.

Работи како дизајнер во студио за дизајн, печат и издаваштво „Ars Lamina“ од Скопје, а во меѓувреме учествува на повеќе уметнички колонии и е ллен на ДЛУМ од октомври 2010 година.