Изложба на ученици од Меѓународна матура при гимназијата „Јосип Броз Тито“

Деветнаесет ученици од Меѓународната матура при гимназијата „Јосип Броз Тито“ ќе се претстават со самостојна изложба која ќе биде отворена за посетители од петок (18 март). Изложбата се организира по 19-ти пат и ќе биде поставена во објектот „Мала станица“, со почеток во 20 часот.

По менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска, со свои дела ќе се претстават учениците:

Ангела Лековска
Ангела Петровска
Теано Кардула
Ванеса Тримчевска
Давор Давидовиќ
Тијана Кољозова
Ѕена Анастасова
Марија Башеска
Сара Димовска
Елеонора Аневска
Анастасија Радевски
Соња Галевска
Мирјана Гигова
Матеј Костовски
Кирил Ценевски
Ивона Мартиновска
Андреј Патоски
Оливер Васевски
Василиј Стојановски

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 23-ти март.