Изложба на дела од младоста на Ванчо Ѓорѓиевски во МКЦ

Графики, цртежи, гважови и акварели од младоста на ликовниот уметник Ванчо Ѓорѓиевски ќе бидат изложени на изложбата што ќе се отвори на 17 јуни, петок, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Изложбата ќе се отвори во 2о часот.

„Неговите платна и творби ги спои во своите чемери, но и блесоци на кратка радост, балади кои го стегаат срцето додека траат, акцентирани од милозвучни гестови на лазурно нанесена боја, што брани бавно и силно како солза во око, балади и митови кои само него го разбираа и на кои единствено им веруваше“, пишува за делата Горјан Ѓорѓиев.

Ванчо Ѓорѓиевски е роден 24 јуни 1924 во Скопје, а починал во 2009 година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград.  Член е на ДЛУМ од 1952, а изложувал со групата „Мугри“ во 1960 и 1961 година.
По плодната педагошка работа се пензионирал како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Имал повеќе студиски престои во: Париз (1954,1960 и 1962,1963), а изложувал во Италија, Холандија, Полска, поранешна СССР, Финска.