Изложба на децата со посебни потреби од двата центра во Штип

Децата со посебни потреби од Дневниот центар и од Центарот за аутизам во Штип речиси еден месец изработуваа уметнички дела со помош на ликовниот уметник Стевче Митев.

Тие на 9 октомври ќе ги изложат своите дела во галеријата Безистен во Штип.

Целта на проектот, како што велат организаторите, е да се покаже дека и децата со посебни потреби од двата центра во Штип можат да ги покажат своите емоции, а нивните слики да бидат видени и вреднувани од јавноста.

Уметничките дела ќе бидат достапни за продажба, а средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за дидактички средства за центарот.