Изложба на архитектонски студија за претставување на студентските проекти

Во вторник ( 28 јануари)  со почеток во 11 часот, Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ќе организира во своите простории Изложба на Архитектонски студија – ИАС, на која ќе се претстават студентските семестрални проекти.

Изложба на архитектонски студија за претставување на студентските проекти

Целта на ИАС е на стручната и пошироката јавност да и се претстави работата на студентите и да се промовираат современите концепти во образованието на новите генерации архитекти, вградени во наставата на Архитектонскиот факултет, објави Порта3 .

Изложбата ќе трае од 28 јануари до 31 јануари 2014 година.