Изложба „Балканот – споделено културно наследство“ – Антика во МАНУ

Изложба насловена „Балканот – споделено културно наследство“ – Антика, по идеја и фотографии на Иво Хаџимишев, ќе биде отворена вечер во Македонската академија на науките и уметностите.

Изложбата ја организираат Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и бугарскиот Културно-информативен центар во земјава.

Иво Хаџимишев е бугарски уметник и фотограф, чија тема на интерес се античките споменици и археолошки локации.