Денеска од печат излезе новата илустрирана книга за деца „КУКЛА“ на Мирјана Димова.
Книгата ја раскажува приказната за Лидија, притоа контрастирајќи ја суровоста на природата со имагинативен свет на детето, вели авторката.
Илустрациите се дело на Билјана Билбилоска, визуелен и мултидисциплинарен уметник, лектурата на изданието ја потпишува Јасмина Кантарџиева Димков.
Авторката Мирјана Димова е родена во Битола, а високото образование го завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на департманот за е-бизнис. Дел од своето образование го реализирала и на Hochschule für Technik und Wirtschaft во Берлин. Со пишување започнала на 18-годишна возраст, а денес живее и работи во Скопје.

Билбилоска дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а моментално е на постдипломски студии на институтот ИНАЛКО во Париз.
Книгата „КУКЛА“ е наменета за младите читатели и е илустрирана со голем број визуелизации и визуелни прикази.



