Издавачката куќа „Илика“ во петок ќе се претстави во Охрид

Овој петок, 6 јуни, во кафе-бар „Шила“ во Охрид, со почеток од 18 часот, ќе се одржи претставување на „Илика“ – издавачка куќа сместена во Скопје која својата работа ја започна пред помалку од две години, а има и своја кафе-книжарница во Центарот на Скопје.

На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Притоа, на настанот ќе бидат достапни за купување сите изданија на „Илика“.

„Ќе се разговара за идејата зад издавачката и плановите за во иднина, концептот на издавање и постоењето на кафе-книжарницата, со посебен акцент на одредени книги. Дел од разговорот, секако, ќе биде посветен и на збирката поезија ‘Координати на болката’ од поетесата Александра Спасеска која излезе минатата година во издание на ‘Илика’“, појаснуваат од „Илика“.