Избирачкиот список достапен онлајн, граѓани наоѓаат бројни грешки

Избирачкиот список е достапен на интерет, а сите граѓаните можат да проверат дали се впишани во него и дали се внесени нивните точни податоци. Новина е тоа што освен по матичниот број, може да се пребарува и по име, презиме и општина, но и по адреса на живеење.

Ова им овозможи на граѓаните сами да проверуваат кој се е регистриран на одредена адреса, при што преку социјалните мрежи почнаа да се споделуваат спорни адреси дури и на станови во кои има впишано десетици избирачи, починати лица, но и на лица кои со години живеат во странство, а фигурираат на списокот. За споделување на ваквите „грешки“ на Твитер покрај #ДИК веќе се користи и хаштагот #СеПоСписок.

Перформанс среде Скопје: Македонија вселува – 50 луѓе во 40м2

Како што наведуваат од ДИК, според Изборниот законик, Избирачкиот список се објавува на веб-страницата со податоците: име, презиме и адреса на избирачите. Оттаму појаснуваат и дека секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини.

Состојбата на податоците во објавениот Избирачки список е 01.12.2015 година со вклучено полнолетство до 01.12.2015 година. За пребарување на избирачкиот список треба да се отвори следниот ЛИНК.