Избегнат инцидент кај Соборната црква по завршување на протестите во Скопје

За малку беше избегнат инцидент вечерва додека групите демонстранти и контра -демонстранти почнаа да се разотидуваат кон своите домови.

Како што јавува репортерот на Радио МОФ, полицијата кај Соборната црква спречи средба меѓу неколку стотици демонстранти кои се враќаа од боењето на Владата, со контра-демонстранти кои од пред Собрание се движеа кон автобусите кон булеверот „Партизански Одреди“.

Кога се доближија контра-демонстрантите, следеше скандирање „Овци“, „Кај ви се сендвичите“, но и „Никола на робија“, од другата страна. По кратко време двете групи се разотидоа, следени од полицијата.

И покрај очекувањата за тензии, протестот и контра-протестот во Скопје денеска минаа мирно.