[Истражување] Европските тинејџери имаат лесен пристап до алкохол и дроги, но најзависни се од интернет

Истражување за употребата на алкохол и други дроги, спроведено на врз ученици на возраст од 15-16 години, врз 96043 ученици од 35 европски земји, беше објавено на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

Според истражувањето, дури 60 проценти од испитаните ученици изјавиле дека цигарите се лесно достапни, а 23 проценти пробале цигари на возраст од 13 или помалку години.

Сепак, во повеќето држави употребата на цигари е многу помала отколку во 90-тите, а намалена е и разликата кај пушењето цигари кај различните полови.

Кога станува збор за алкохол, 78 проценти од испитаниците одговориле дека имаат лесен пристап до алкохол. Дури 47 проценти пробале алкохол на возраст од 13 или помалку години. Во некои земји, алкохол имаат пробано дури 96 посто од испитаните.

Во однос на нелегалните дроги, 18 посто од учесниците во истражувањето користеле барем еднаш во животот. Искуството со нелегалните дроги се разликува од една земја во друга, движејќи се меѓу 6 и 37 проценти. Најкористена дрога секаде е канабисот.

Сепак, тинејџерите се чини дека се најзависни од интернетот, каде поминуваат 5,8 часови дневно, претежно на социјалните медиуми.

Повеќе податоци за различните супстанци кои создаваат зависност и навиките на средношколците за нив, во видеото подолу.