Историски ден во Мјанмар, власта ја презема Аунг Сан Су Ќи

Нобеловката и лидер на Националната лига за демократија, Аунг Сан Су Ќи конечно ќе го заземе нејзиното место на чело на владата на Мјанмар во новиот парламент кој започнува со работа денеска, пренесе CNN. Овој ден Су Ќи и нејзините поддржувачи го чекаа повеќе од две децении.

Пред 26 години, Су Ќи победи на изборите и освои мнозинство во парламентот, резултат кој беше поништен.

Во петокот, актуелниот претседател Теин Сеин изјави дека членовите на старата влада ќе „соработуваат со следната влада за да донесат мир и развој во земјата“.
Аунг Сан Су Ќи го помина повеќето од времето меѓу инејзините изборни победи како затвореник во нејзиниот дом во Јангон. Додека беше во домашен притвор, таа стана меѓународно лице на борбата за демократија. Секретарот на ОН, Бан Ки Мун во 2012 ја нарече „глобален симбол“ на напредокот.

Су Ќи беше ослободена откако Теин Сеин стана претседател во март 2011. Веднаш откако го презеде претседателското место тој ја отвори неговата изолирана земја кон меѓународната заедница. Владата ослободи стотици затвореници, вклучувајќи ја и Су Ќи и ја релаксираше медиумската цензура и започна мировен процес со воената милиција која се бори со централната влада веќе шест декади. Како резултат на тоа, санкциите од меѓународната заедница беа запрени и земјата се отвори кон меѓународните трговски договори.

Сепак, и покрај победата на нејзината партија, Су Ќи не може да стане претседател. Уставот на земјата, за кој се верува дека е војската го има правено со неа на ум, забранува некој да биде претседател доколку неговите деца се државјани на друга земја. Двете деца на Су Ќи се британски државјани.

Аунг Сан Су Ќи изјави дека резултатот кој нејзината партија го освоила е „над претседателот“. Се уште останува да се види кого ќе номинира партијата претседател. Иако НЛД има апсолутно мнозинство во двата дома на парламентот, војската држи 25% од пратеничките места, лимитирајќи ја владеачката партија да направи промени во Уставот.

Извор: CNN