Интерактивен графит на Banksy ги критикува полициските напади врз бегалците

Британскиот графити-уметник и активист Banksy во своето најново дело ги критикува полициските напади и употребата на солзавец против бегалците и мигрантите во францускиот град Кале. Графитот, инспириран од француската историја и романот на Виктор Иго, „Клетници“ (Les Misérables), е интерактивен – на него има код, кој може да се скенира и да се симнат податоци за најголемиот центар за мигранти, сместен во францускиот град. Во „Џунглата“, како што е познат овој центар, живеат илјадници мигранти од Блискиот и Средниот Исток и Северна Африка, кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија. Речиси секојдневно, во пренатрупаниот камп се случуваат крвави инциденти, а полицијата досега повеќепати употребуваше солзавец, гумени куршуми и шок-бомби врз мигрантите, меѓу кои има илјадници жени и деца.

banksy-1

Интерактивен графит на Banksy ги критикува полициските напади врз бегалците