Инстаграм го користат пола милијарда корисници

Социјалната мрежа за споделување на фотографии, која е во сопственост на Фејсбук, достигна повеќе од пола милијарда корисници, врз основа на месечните посети.

Оваа бројка во септември изнесуваше 400 милиони, а дополнителни 100 милиони се приклучија за помалку од една година.

Од наведениот број, околу 300.000.000 го користат Инстаграм секојдневно, а 80 отсто од нив живеат надвор од САД, додека во септември, тој процент изнесуваше 75 отсто.

Инстаграм има повеќе од 95 милиони објави дневно, кои добиваат околу 4 милијарди лајкови во 24 часа.