Инстаграм дозволи прикачување видеа од вашиот телефон

Во еден од поголемите апдејти во последните месеци, Инстаграм им дозволи на корисниците да прикачуваат веќе снимени видеа од својот телефон или таблет. Ова беше едно од најчестите барања на Инстаграм-заедницата од јуни, кога за првпат на социјалната мрежа беа воведени видеа од 15 секунди. Досега беше возможно да се користат само видеата снимени од самата апликација. Новата опција е достапна во верзијата 4.1.

Додадени се и повеќе опции за обработка на видеата, а новата верзија носи и поддршка за корисниците на Android 4.0 (Ice Cream Sandwich), што според првите луѓе на Инстаграм била „желба број еден на Андроид заедницата“. Корисниците на iOS, пак, во новата верзија на Инстаграм добиваат можност за автоматско исправање на фотографиите, преку еден допир на екранот.

Instagram 4.1 е достапен на  App Store и Google Play.