Државниот инспекторат за животна средина влезе во Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец, откако преку новата алатка за пријавување загадување добил бројни претставки за емисии во воздухот.
Затоа на 3-ти февруари е спроведен координиран надзор со инспектори за животна средина од Градот Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување, при што било констатирано дека болницата работи без Елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува.
Од Инспектортот велат дека ги задолжиле надлежните од болницата во најкус можен рок да изработи ваков елаборат, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно, согласно со Правилник во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Чистењето оџаци го подобрува согорувањето и го намалува загадувањето. За постапувањето со медицински отпад немаше забелешки. Исто така, неопходно е да се спроведат мерења на емисиите во воздухот од страна на акредитирана лабораторија и да се подобри одржувањето на котелот, кој е во видливо лоша состојба. По обезбедување финансиски средства во најитен можен рок, треба да се напушти горењето мазут и да се премине на природен гас, да се вградат сончеви колектори и да се подобри енергетската ефикасност“, укажуваат до Инспекторатот.