Иницијатива „Операција студентски дом“: 20 часа реалност

20 часа и 680 000 прегледи на imgur.com, а пост има и на reddit.com како и на businessinsider.com, споделувањата на Фејсбук, едвај можат да се сумираат и македонските портали информираат а студентите од повеќе деценискиот сон се разбудија. И што е најбитно се разбудија од своите кои се најдоа од потешка состојба од обично, од потребата да живеат во студентски дом кој не задоволува никакви услови за нормален живот.

Иницијатива „Операција студентски дом“: 20 часа реалност

Иницијативата Операција студентски дом  се роди чекајќи заглавен лифт, додека другиот лежи струполен до него затоа што паднал пред неколку години, се роди во чекањето ред во менза во оној период кога треба да има храна ( не кажувам вкусна, здрава храна, велам оброк едвај топол), иницијативата се роди чекајќи ред за туширање и ред за одење во тоалет ( ти треба некој да чува стража-затоа што нема врата), се роди и кога излезени пред домот чекавме да се изгасне пожарот од  дотраената инсталација, се роди кога тропкаме кај комшиите на спрат дали повторно нема интернет, дали има топла вода кај нив, заедно да одиме кај управниците или веќе биле.

Е така се калеше оваа иницијатива, со маки, со нервози затоа што тие што треба да не заштитуваат и да ни помагаат (читај студентскиот сојуз и СПУКМ) ни објаснуваа дека така е како што е, дека ние младите не сме дојдени на ред, дека ако не ни се допаѓа да си одиме, но најбитно да молчиме затоа што се бунеле или не ништо нема да се промени освен тоа што ќе сме станеле забележани. Забележани од кого? За што? Треба да му објаснам на некому дека му е убаво кога не само свеста туку и имунитетот ми вели бегај оттука подалеку. Ама тука сум, нема кај да бегам, студент сум чии родители толку можат да издвојат и не им се лутам нив, напротив благодарен сум затоа што вредно работат за минимални плати и се трудат да бидам успешен човек. Ние сме идни инжењери, лекари , правници, економисти, глумци, режисери,новинари,професори, идни мајки и татковци. НИЕ сме денешната младина- Иднината на општеството!

Затоа кревам глас, затоа викам вака веќе неможе, вака веќе не смее! Ќе зборуваме и ќе споделуваме со секој што сака да не слушне, секој што сака да не поддржи, што сака да помогне, што верува  и знае дека заслужуваме повеќе од  сув ориз, стар компир, влага, мувла, стари инсталации,  искинати душеци, ладна вода и повремено греење.

Во 20часа прикажување реалност на интернет добивме повеќе отколку во 20 години зборување на надлежните. Нас вечерва не блокирааа, ама оние скоро милион луѓе кои се запрепастија од  нашата реалност, од нашето секојдневние сеуште се онлајн и пишуваат, прашуваат, се чудат и предложуваат. Во 20ч интернет сообраќај со прикажана реалност добивме еден куп пружени раце, сугестии за донации, идеи за инвестиции, за fundraising глобални кампањи, без скапи инвестиции туку со статии и фотографии со горчлива реалност.

Ви благодариме на сите кои споделувате, на сите кои нешто напишавте, кои коментирате и кои верувате дека ова е старт на нешто на кое ќе треба да работиме не само ние како иницијатива туку сите заедно, сите со еден, затоа што секој од нас има обврска да помогне, ова е наш заеднички проблем кој заслужува заедничко решение. Ние ја шутнавме топката на теренот ајде заедно да изиграме натпревар од кој сите ќе излезат како победници.

Иницијатива „Операција студентски дом“