Индонезиско село се поплави со црвена вода, поплавата уништила фабрика за боење ткаенина

Надреална, крваво-црвена река го поплави индонезиското село Џенгот откако поплавите ја погодија фабриката за рачно боење на ткаенини. Фотографиите предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.

Илјадници корисници на „Твитер“ споделија фотографии и видеа од селото јужно од градот Пекалонган во централна Јава, кое е поплавено од црвеникава вода која потсеќа на крв.

„Се плашам дека оваа фотографија ќе предизвика лажни вести. Наративите за создавање на паника дека доаѓа крајот на светот се присутни насекаде“, изјавил еден од твитер корисниците.

Ројтерс

Градот Пекалонган е познат по производството на батик, традиционален индонезиски метод во кој се користи восок при боење на ткаенини.

Вообичаено е реките во Пекалонган да имаат различни нијанси на водата. Минатиот месец, друго село во северниот дел на градот било поплавено со флоуросцентно зелена боја.

„Понекогаш, вирчињата на патиштата се виолетови“, изјавила Ареа Џулид, жителка во реонот.

Раководителот на градското претпријатие за заштита од природни непогоди, Димас Арга Јуда, потврдил дека фотографиите се вистински.

„Црвената боја е поради батикот, фабриката беше погодена од поплава. Бојата на водата ќе изчезне откако ќе заврне дожд“, изјавил тој.

Извор: Independent