Импакт факторите за научните трудови веќе не се веродостојни

Со мерката за влијание на академските студии и истражувања, импакт факторот, се манипулира толку многу што веќе не може да се смета за веродостоен показател, пишува весникот Research Policy.

Според Research Policy, користењето на трикови од страна на уредниците за да го зголемат импакт факторот на нивните списанија, значи дека нашироко употребуваниот метод „сега ја изгубил својата веродостојност“.

Со оглед на тоа што многу уредници сега се вмешани во „креативни начини“ за подигање на нивниот импакт фактор, „еден од главните бастиони кои овозможуваат погрешно спроведување на истражувањата, сега е пробиен“, се предупредува во публикацијата.

Во изминатите две децении, користењето на импакт факторите при одлучување кои академици ќе бидат унапредени или наградени со грант постојано растеше.

Еден од најчесто користените импакт фактори го калкулира Thomson Reuters, преку делење на просечниот број на референцирања во текстовите на едно списание, со тоталниот број на истражувања објавени во него. Вообичаено, се пресметува бројот на истражувања објавени во текот на претходните две години.

„Editors’ JIF-boosting stratagems – Which are appropriate and which not?“, истражување на Ben Martin, професор на наука и технологија на Универзитетот во Сасекс, набројува неколку потенцијални начини со кои списанијата манипулираат со овие бројки, а кои покажуваат дека „JIF (journal impact factor) денес има малку веродостојност како индикатор за академскиот статус на едно списание“.

Thomson Reuters го опишува својот начин на пресметување на импакт факторот како „систематски, објективен начин за критичка евалуација на светските водечки списанија, со квантитативни, статистички информации базирани на податоците од референцирање“.

Извор: Times Higher Education