Со кралски указ Саудиска Арабија го замени својот амбасадор во Вашингтон и на негово место ја именуваше принцезата Рима бинт Бандар.
Таа е првата жена амбасадор на Саудиска Арабија.
Доаѓа на местото на принцот Калед бин Салман, брат на моќниот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман. Досегашниот амбасадор, пак, е именуван за заменик министер за одбрана.
Замената доаѓа по меѓународниот револт поради убиството на новинарот Кашоги минатиот октомври, во саудискиот конзулат во Истанбул.