Илјадници Романци се уште протестираат и бараат оставка од владата

Неколку десетици илјади романци и синоќа се собраа на протести на плоштадот Викторија во Букурешт. Ова беше 13 ден протести откако владата на 6 февруари донесе уредба со која функционери би се „спасиле“ од учество во корупција.

По притисокот од граѓаните и критиките од меѓународната заедница, Владата на чело со премиерот Сорин Гриндеану ја повлече контроверзната одлука за декриминализација, а министерот за правда поднесе оставка.

Сепак, демонтрантите сметаат дека ова не е доволно. Бараат оставка од Владата и нов начин на управување во Романија, па речиси 30.000 лица се вклучија во протестите надвор од земјата.