Илјадници млади лекари во Јужна Кореја во еднодневен штрајк

Илјадници млади лекари во Јужна Кореја денеска излегоа на штрајк во знак на протест против здравствената политика на владата, среде епидемијата на коронавирусот, пренесува српски „Данас“.

Во штрајк стапија стажистите кои се против планот за проширување на приемот во медицинските училишта, како би се решил проблемот со недоволниот број лекари во Јужна Кореја.

Протестот предизвика загриженост затоа што би можел да влијае на лекувањето на пациентите во екот на пандемијата со коронавирусот, но нема извештаи за поголеми нарушувања во пружањето медицински услуги.

Помеѓу 70 и 80 проценти од здружението кое брои 16.000 членови учествуваат во еднодневниот штрајк, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Плановите на владата за здравството, лекарите го оценија како „популистичка политика“ што ќе троши пари на даночните обврзници и ќе негува неквалитетни медицински училишта.

Во соопштението на младите лекари се обвинува владата дека обезбедила мала финансиска поддршка за програми за вежби и се наведува дека тие работат за исклучително ниска плата.