Институтот за комуникациски студии (ИКС) покренува петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.
„Македонска сивка е сериозно загрозен, ендемичен вид на пеперутка со мало распространување и може да се сретне само на варовничките предели, близу превојот Плетвар во централниот дел на државата. Видот може да се сретне на мал и фрагментиран хабитат, помал од 10 километри квадратни низ седум микро локалитети. Овој вид е класифициран како критички загрозен на IUCN црвената листа на видови, се наоѓа на националната листа на заштитени видови и се смета за најзагрозениот вид на пеперутка во Европа“, посочуваат од ИКС.
Според ИКС, доказите посочуваат кон тоа дека меѓународната трговија на видот, мотивирана од побарувачката на колекционерите на инсекти, значајно придонесува кон намалувањето на видот.
„Многубројни извори, потврдуваат илегална интернет и физичка трговија на видот, вклучувајќи и неколку европски пазари кои се специјализирани за трговија со инсекти. Екологија на видот Pseudochazara cingovskii, начинот на кој лета и периодот кој го минува во мирување, го прават видот уште полесно мета за пре уловување“, забележува ИКС.
Од таму посочуваат дека екологија на видот Pseudochazara cingovskii, начинот на кој лета и периодот кој го минува во мирување, го прават видот уште полесно мета за пре уловување.
Затоа ИКС и германската организација „Pro Wildlife“ упатија писмо до македонските институции, со барање Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.
„Вклучување на видот на Додатокот 1 од CITES ќе понуди важни легална рамка преку која може да се бориме против меѓународна трговија, ќе се помогне националната контрола и ќе се подигне свеста за видот на меѓународно ниво. Дополнително, ова ќе ги зацврсти државните напори да се заштити овој и силни загрозени видови и хабитати од регионот“, соопштуваат од ИКС.