Иднина за младите – привилегии за пензионерите

Бесплатно бањско лекување, бесплатен јавен превоз и зголемени пензии се само дел од она што го добија пензионерите последниве неколку години. Владата преку различни проекти работи на подобрувањето на животниот стандард на овие граѓани. Но кога станува збор за студентите – иднината на македонското општество, нивните бенефиции, се чини, остануваат празни ветувања. Зошто им успеа на првите, но не и на другите, анализира Јована Ѓорѓиовска од Радио МОФ  во аудио-прилог за Diversity media production. 

Бесплатното болничко лекување е само еден од проектите за пензионерите кој владејачката партија го најави пред парламентарните избори и кое веќе е реализирано. Пензионерите се бројно гласачко тело и се чини дека тие се покажаа како успешни во намерата да добијат што повеќе бенефиции од државата.

Од друга страна пак, колку од студентските проблеми се решени? Ова сакавме да го прашаме Кирил Спироски, лидерот на најбројното студентско движење од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ). Кусо ни изјави дека оваа недела има многу состаноци и оти нема можност за интервју.

Слушнете го аудио-прилогот на Јована Ѓорѓиовска на оваа тема:

Idnina za mladite – privilegii za penzionerite by Diversity Media on Mixcloud