Идната седмица ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање

Прашањата за претстојното екстерното тестирање за основците и средношколците ќе бидат јавно објавени идната седмица.

екстерно тестирање

Како што информираат од Mинистерството за образование и наука,  прашањата ќе бидат поставени на посебна веб страница и тоа на македонски, албански, турски и на српски јазик. Станува збор за вкупно  415.000 по 5.700 предмети.

Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведува од 2 до 10 јуни, а опфатени ќе бидат 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта.

Екстерни тестови ќе полагаат учениците од 4-то одделение до осмо одделение, како и сите средношколци со исклучок на матурантите за кои екстерното тестирање беше спроведено на крајот на месец јануари.

Според министерството за образование и наука, со тестирањето ќе бидат опфатени 16.240 наставници.