И Скопје доби „Мала маалска библиотека“ за бесплатна размена на книги

И Скопје доби „Mала маалска библиотека“ благодарение на неколку вљубеници во пишаниот збор. Ирена, Ивана, Бојан, Ристо и Надица, по урнекот на ваквите библиотеки во другите држави, во населбата Лисиче ја поставија дрвената куќичка каде сите можат да остават своја книга и да си земат една од тие што стојат во сандачето.

2

Иако скептици на почетокот, десетина дена по поставувањето интересот за бесплатна размена на книги расте. Библиотеката се полни, а голем е бројот на оние кои оставаат по неколку , но земаат само по една книга.

3

„Скопската мала маалска библиотека е едноставна иницијатива на група млади луѓе кои пред се ја сакаат книгата и сакаат таа да биде лесно достапна за секого. Книгата треба да служи за читање наместо да биде само украс на полиците. За да биде постојано во движење, постојано свежа и оригинална, таа треба да преминува од едни во други раце. Бесплатно.

Библиотеката ја поставивме пред десетина дена и размената се повеќе зема залет и почнува да функционира одлично“, вели Ивана.

4

Охрабрени од првите реакции, од „Малата маалска библиотека“ сега се надеваат дека ваквата идеја ќе ја следат и други во земјава. Нивната желба е едноставна – да се читаат и разменуваат што е можно повеќе книги.