Хрватска ќе ја легализира медицинската марихуана до крајот на годината

Првите формулации на канабиноиди во европските земји би можеле да се најдат на хрватскиот пазар до крајот на годината ако производителите поднесат барање за регистрација до Агенцијата за лекови и медицински помагала, соопштуваат хрватските медиуми.

Препораката на Комисијата на министерот за здравство Синиша Варга, во која се вели Хрватска да ја легализира употребата на марихуана за медицински цели за луѓето со мултиплекс склероза и други сериозни болести, ќе се реализира најрано во септември.

Комисијата на министерството за здравство во јануари едногласно препорача промени во законските регулативи со што би се овозможила употреба на медицинска марихуана во државата.

Се предлага измена и дополнување на Законот за борба против злоупотреба на дрога и преместување на канабисот од првата група на лекови според Женевската конвенција од 1971 година со што би се овозможило издавање на марихуана како рецепт.

Сепак, се очекува Комисијата да излезе со конечни ставови и заклучоци пред јавноста до крајот на јуни.

Извор: RTL