Во кафе-книжаницата „Буква“ во четврток (утре, 19 јуни) од 18 часот доаѓа пост панк, панк/вејв триото од Загреб, „How Yes No“.
„Нивните кратки, фанки, хаотични песни потсеќаат на легендарните ‘Minutman’, ‘Gang of Four’, ‘Lithics’, ‘Duds’…“, соопштува домашниот независен издавач „Мртов коњ“.
Од таму објаснуваат дека „How Yes No“ се формирани во 2020 година за време на карантинот, во етер прв пат во 2022 година со нивното прво EP „Small Talks“, и за прв пат во Скопје со ново ЕР „Simple Tones“, излезено пред 11 дена.
„Стегнете ги врвките!“, соопштуваат од „Мртов коњ“.
Препорачано учество е 200 денари.