Хип хоп хероите „Зад Аголот” – домашна поддршка за Марчело во Скопје

Една од омилените и најактивни млади хип хоп група во земјава „Зад аголот“  ќе настапи на први март во скопскиот клуб „Хавана” како домашна поддршка на Марчело & Исказ. Пред нивниот настап, своите вештини на грамофоните ќе ги покажат Dj Oky Doky и Dj Илиќ.

„Зад аголот“

Иако „Зад аголот“ постои кратко време, од своето оформување успеа да собере признанија за успех во и надвор од Македонија со цврстиот звук, паметни текстови и одлично изработени видеа. Нивниот прв албум „Чувај го вистинко волу. 1“,  Балкан Хип Хоп Радио го прогласи за најдобро македонско хип-хоп издание за 2012. Минатата година, го одржаа и својот прв самостоен концерт во МКЦ каде покажаа дека кратко време по издавањето на првиот албум веќе имаат бројни следбеници кај македонската хип хоп публика.

Марчело пак на последниот негов настап во Скопје во 2011 година во „Хавана”, го воодушеви полниот клуб, а со многуте стари и нови хитови и неговиот извонреден бенд не се сомневаме дека ќе го направи тоа повторно, а преполниот лански самостоен концерт на ЗАД АГОЛОТ во МКЦ е само уште една од причините навреме да ги набавите вашите влезници, особено поради ограничениот капацитет на клубот Хавана.

Билетите се веќе во препродажба по цена од 200 денари и може да се набават во „Custom Pub” и „Љубов”, а на денот на оддржување на концертот ќе чинат 300 денари.