Harry Potter and the Cursed Child распродаде 175.000 карти за осум часа

Претставата која ја продолжува приказната за Harry Potter се распродаде за само осум часа.

Обожавателите на серијалот за детето волшебник ги поминаа изминатите два денови чекајќи ред за да купат билет зад илјадници други. Картите за првиот период на играње на претставата (7 јуни до 18 септември 2015) се распродадоа многу набргу, што ги наведе продуцентите да ги продолжат термините за резервации до јануари 2017 година. Денес беше пуштена уште една серија на билети.

Harry Potter and the Cursed Child е опишана како продолжение на серијалот составен од седум книги. JK Rowling им помогнала на сценаристите Jack Thorne и John Tiffany да ја напишат приказната, која раскажува за синот на Harry, Albus Severus, и неговото измачување со „семејно наследство кое никогаш не го посакувал“.

„Како што минатото и сегашноста се судираат, и таткото и синот ја дознаваат непријатната вистина“, пишува во официјалниот синопсис. „Понекогаш, темнината доаѓа на најнеочекуваните места“.

Претставата ќе биде изведувана во две половини, што значи дека постителите можат да ја проследат или во два последователни дена, или еден ден како матине и вечерно шоу. Цените на билетите започнуваат од 20 фунти за половина претстава за претпремиерите, а по 30 фунти после премиерата.

Извор: Indepent