Гугл Стрит Вју со снимање во Македонија

Гугл објави дека од денеска започнува со снимање на локации низ Македонија, со цел подобрување на квалитетот на функцијата Стрит Вју во рамките на апликацијата Гугл Мапс.

Гугл Стрит Вју со снимање во Македонија

Почнувајќи од 29 септември, во Скопје и Битола, како и во други поголеми градови во земјава, ќе бидат снимени тродимензионални фотографии, а наредната година истото ќе продолжи и во другите помали места.

Планирано е да се покрие колку што е можно повеќе од патната мрежа, како и најинтересните места во земјата.

Стрит Вју  е функција на Гугл Мапс лансирана во мај 2007 година и веќе е достапна во 59 земји. Функцијата им овозможува на корисниците полесна навигација преку виртуелно панорамско истражување на улиците

Од Гугл информираат дека на сликите наменети за Стрит Вју, пред да бидат објавени ќе има замаглување на лицата и регистарските таблички. Кога сликите ќе бидат достапни, луѓето ќе имаат можност да пријават слики за дополнително замаглување, пренесе МИА.