Групата Анонимус ги повика поддржувачите да користат нивни алатки за да го нападнат Доналд Трамп

Хакерската група Анонимусги повика своите поддржувачи да го нападнат Доналд Трамп и да објават информации за него.

Еден од најпопуларните профили поврзани со хакерскиот колектив „твитна“ низа обвинувања за новоизбраниот претседател, тврдејќи дека Трамп има врски со голем број луѓе. Тие ги повикаа своите поддржувачи и следбеници „да го средат“.

„Ова не се 80-тите повеќе, информациите не исчезнуваат, се е тука“, пишува на профилот. „Ќе зажалите во наредните четири години“.

Сепак, од профилот велат дека луѓето поврзани со Анонимус нема да го напаѓаат Трамп, туку тоа ќе им го остават на останатите граѓани, нудејќи им ги своите алатки.

По овие пораки, на профилот беа споделени и нови, но и постари објави за други хакерски операции, поврзани со Трамп и други американски политичари.

Групата неодамна покрена низа напади како одговор на актуелни настани во изминатите месеци. Една од најголемите акции е #OpIsis, или наоѓање на твитер профили и објави на луѓе кои се поддржувачи на Исламска држава, по што ги бришеа.

Групата во неколку наврати го нападна и Трамп, пред да биде избран за претседател, под хаштагот #OpTrump. Тоа резултираше со привремено затворање на неговата официјална веб-страница и неколку хакерски напади.