Грција ќе отпишe околу 180 илјади „вечни“ студенти

Грчкото Министерство за образование повтори дека е одлучно да го спроведе законот и од септември да исклучи околу 180.000 „вечни“ студенти од универзитетите.

Грција ќе отпишe околу 180 илјади „вечни“ студенти

Во соопштението на Министерството се вели дека сите студенти кои останале запишани на универзитетите и образовните оддели на технолошките институции (ТЕИ) со години, но не ги завршиле нивните студии, навремено биле предупредувани од 2007 до 2011 година дека од септември годинава повеќе нема да им биде дозволено да ги продолжат своите студии, пренесе МИА.

– Врз основа на податоците што успеавме да ги собереме, околу 180.000 универзитетски и студенти на ТЕИ не ги искористиле предностите на можностите кои им биле понудени, соопшти министерството.