„Гробница“ од елеци за спасување во чест на удавените бегалци поставена пред Парламентот во Лондон

Парламентарниот плоштад, на кој се сместени Долниот и Горниот дом на Парламентот на Обединетото кралство, е претворен во „гробница“ од елеци за спасување.

Во обид да го потсетат светот на ризиците кои бегалците ги преземаат додека да стигнат на безбедно, активисти поставиле 2500 елеци за спасување, од кои 626 ги носеле деца, пред „прагот на владата на Велика Британија“.

Акцијата се случува за време на Самитот за миграција на Обединетите нации, кој се одржува во Њујорк.

Елеците за спасување, кои ги носеле бегалци кои преминувале од Турција до грчкиот остров Киос, ги претставуваат искуствата и пречките на оние кои патувале преку морето.

„Овие елеци, кои се по прв пат во Велика Британија, се визуелен потсетник на страдањата и ризиците на бегалците кои ги претрпеле, и на потребата на координиран интернационален одговор и одговорност при споделување и обезбедување на патиштата“, велат организаторите, Snappin’ Turtle Productions.

Во 2016 година во Средоземното Море досега починале 3212 мигранти и бегалци, според најновите бројки од Интернационалната организација за миграција.