„Гринпис“ оставиле скулптура од 1.5 тони пред седиштето на „Дефра“ во знак на протест

Уметничкото дело на Фиона Банер е дел од акцијата на здружението против илегално рибарење во Северното море.

На обезбедувањето му било соопштено да очекува уметничко дело за секретарот на државата во 9 часот изутрина. Но, вработените не очекувале делото да биде огромен гранит за кој било потребен кран за да се помрдне.

Уметницата Фиона Бенер и тим од „Гринпис“ го доставиле делото од 1.5 тони пред канцелариите на Одделот за чиста средина во Вестминстер во понеделникот.

Со наслов „Кланг“ уметничкото дело ја поддржува директната акција на „Гринпис“ против уништувачкото и илегално рибарење во Северното море, кое вклучува и фрлање на огромни камења во реонот „Доџер бенк“ со цел да се растераат рибарските бродови.

Делото е изработено од гранит изваден од Северното море, идеја која наишла на многу пречки.

„Возбудена бев што работам со материјал које толку цврст и тежок. Првичната идеја беше да издлабам нешто во конкретна форма, но штом почнав да работам со материјалот сфатив дека тој беше комплетно отпорен на било каква човечка интервенција. На крајот на денот, така природата ни дава до знаење каде може и дали и понатаму може да се адаптира на нашите потреби“, изјавила Бенер.

Бенер изработила три скулптури со моќна дијаматска машина за сечење. Две од нив, „Пинатс“ и „Оратор“ се доставени со брод до „Гринпис“, додека „Кланг“ ќе остане пред одделот за чиста средина додека локалните власти не одлучат што да прават со неа.

Уметницата го опишала илегалното рибарење во Северното море како употребува на булдожер низ прашума.

Таа гледа на проблематиката надвор од рамките на локалниот пример.

„Се работи за иднината на човештвото. Сѐ уште сме во пандемија, јасна ни е нашата кревкост и кревкоста на природата. Сите знаеме дека треба да делуваме. Преку овој начин на акција може да си признаеме дека треба да делуваме надвор од констатациите. Од „Гринпис“ соопштија дека ќе ги отстрани сите уметнички дека доколку властите се решат на поинаков пристап. Што ќе се случи во Вестминстер останува да видиме. Прилично е тешко да се отстранат скулптурите. Најверојатно потребен ќе биде кран,“, нагласила уметницата.

По ваквата протестна акција, од компанијата со обратиле со соопштение во кое велат дека Заедничката полиса на рибарниците моментално го ограничува делувањето на компанијата за подобрување на заштитата.

„Еко рибарењето и заштитата на морињата е во срцевината на нашата идна стратегија за рибарење. Ние веќе имаме одредено „Син појас“ на заштитени води чија површина е двапати поголема од онаа на Англија и имаме предлози за подобро раководење и контролирање на водите“, соопштил портпарол на „Дефра“.

Извор: Guardian