Греењето на мазут во кумановската болница виновник за високото аерозагадување

Енормното аерозагадување со ПМ10 честички (прашина) измерено прексиноќа на мерната станица во Куманово се случило поради палењето на мазутот за загревање на кумановската болницата во Куманово, соопштија од општината.

„Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската Болница, непосредно до котелот за затоплување на истата. Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички. Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки“, велат од општина Куманово.

Оттаму додавааде дека во завршна фаза е проектот за гасификација на болницата и апеираат на вклучување на Министерството за здравство за кое влета дека треба да одвои средства за преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас.

Од вчера, додаваат, се врши т.н. аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема. Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Куманово.

Енормно аерозагадување синоќа во Куманово