Засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани најавуваат Државниот инспекторат за животна средина, iнспекторатот на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи.
Се работи за заеднички акции со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар.
„Договорени се засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани. Ги охрабруваме граѓаните, штом се јави чад – веднаш да пријават загадување преку Месинџер на Фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина“, информираат од ДИЖС.
Оттаму посочуваат дека само заеднички може да се делува за зачувување на животната средина.