„Дали ве нервира кога возачите фрлаат отпушоци од прозорец? Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово, арсен и стотици хемикалии што ја загадуваат почвата и водата. Потребни се и до 10 години за целосно да се разградат. Еден од потенцијалните причинители на пожарите е и фрлањето на отпушоци покрај патот. Фрлањето отпад од автомобили создава и слика на неуредност и примитивно однесување“.
Ова стои во онлајн петицијата за воведување автоматска детекција и казнување на фрлање отпушоци и отпад од возила преку системот „Safe City“, покрената од граѓанската иницијатива „За Почиста Македонија“, која со години спроведува еколошки акции и активности за заштита на животната средина.
„Ваквата практика има сериозни последици врз животната средина и угледот на државата, а претставува и закана за јавната безбедност, особено во периоди со зголемен ризик од пожари“, посочуваат од иницијативата.
Како што велат, целта на петицијата е намалување на загадувањето, подигање на јавната свест и подобрување на културата во сообраќајот.
Со иницијативата се бара МВР и Владата да ја разгледаат можноста за воведување ваква функционалност како дел од проектот „Safe City“.
View this post on Instagram



