Граѓани од Карпош 4 со герила акција, по вчерашниот хаос со паркирани возила

Жителите на Карпош 4 оградија парк со лента и оставија пораки на клупите и дрвата „Не е паркинг“, во протест откако синоќа големиот број посетители на трговскиот центар Сити Мол ги паркираа своите возила по парковите, тротоарите и другите јавни површини во оваа населба.

На социјалните мрежи граѓаните вчера коментираа и поставуваа слики како, по нивното упорно реагирање и протестирање до надлежните, најпосле стигнала пајак-службата и почнала да го расчистува хаосот со возила.

Ова се некои од сликите кои синоќа граѓаните ги поставуваа на социјалните мрежи.

karposh-4-parking-1

karposh-4-parking-2