Градоначалникот на Битола Талески забранил настан на невладината Цивил

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, му забранил на Цивил да одржи настан во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“, уредно најавен во јавноста, како и во битолската полиција, информираат од невладината организација.

„Образложението на Талевски не можеше да биде поевтино. Наводно, просторот е зафатен од Битфест, кој започнува на 25 јуни. Инаку, зборуваме за не повеќе од два квадратни метри, колку што зафаќаат масичката за проекторот и платното за проекција, потребни да се одржи овој настан.

Ова е неприфатливо однесување на локалниот моќник во Битола, кој очигледно не е заинтересиран за социјалната правда во неговата општина, а кон јавниот простор се однесува како да е негов приватен двор.
Талевски, кои се вистинските мотиви за забраната за одржување на овој двочасовен настан на Цивил?
Досега, во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“ Цивил одржа настани во Штип, Кавадарци, Велес, Скопје и други градови, а утре ќе одржи настан во Прилеп.

За 15 години, колку што постои, на ЦИВИЛ никогаш не му бил забранет ниеден јавен настан. Талевски ќе го запомниме по оваа дрска забрана, се вели во соопштението на Цивил.