Град во Швајцарија ќе прима биткоини за плаќање на јавни услуги

Градски совет во централна Швајцарија наскоро ќе почне да ја прифаќа дигиталната валута биткоин, како начин на плаќање за јавните услуги.

Пробниот период во кој ќе може да се плаќа со биткоини во градот Цуг ќе започне на први јули, а ќе трае до крајот на годинава, јавува ВВС. Жителите на градот ќе можат да плаќаат сметки до 200 швајцарски франци користејќи ја крипто-валутата. Со тоа ќе стане и првиот град кој користи дигитална валута.

Градоначалникот Долфи Милер вели дека советот сака да ја покаже својата „отвореност кон новите технологии“ и да им биде попривлечен на локалните технолошки компании. Областа е позната како „крипто-долина“, а е дом на десетици компании кои специјализираат во трговија со биткоини. На крајот од пробниот период, советот ќе одлучи дали да ги прошири плаќањата со биткоини на други владини услуги.

Сепак, не сите жители сметаат дека тоа е паметен потег.

„Многу е загрижувачко што државна институција прифаќа биткоини, со оглед на тоа што не е безбедна валута“, вели советникот Грегор Брухин. „Градот Цуг ќе ја поткопа вредноста на кешот со оваа постапка“, смета тој.

Сепак, градоначалникот Милер не е загрижен.

„Можам да замислам дека во блиска иднина ќе биде можно и да си ги плаќаме даноците со биткоини“, вели тој.