Фатен е нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот, кој во општина Сарај незаконски се приклучил на мрежата за питка вода да си ги наводнува на неколку метри квадратни пластениците, соопшти Град Скопје.
„Поради случаи како овој, каде не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со сериозен недостаток на притисок во урбаните и руралните средини и недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра која ја трошел, оштетувајќи го и ЈП Водовод и канализација Скопје“, стои во соопштението.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, велат од Градот, констатирана е енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
„Конкретно во јуни годинава дневната потрошувачка на вода во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител. Потрошувачката е предизвикана од трошење на вода без усул за полевање на ниви, за перење возила, полнење на базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето“, се вели во соопштението на Град Скопје.