Инспекторатот на Град Скопје вчера изрече 93 казни за паркирање на јавни површини и зеленило во најавената акција против уништувањето на блоковското зеленило во населбите Карпош 3 и Карпош 4, соопштуваат од Град Скопје.
Дополнително, велат од таму, пајакот и сообраќајната полиција имале уште десетици подигања и дополнителни казни за посетителите на „Сити Мол“ за „Black Friday”.

Фото: Град Скопје
„Секоја година на овој ден граѓаните од околните згради на ‘Сити Мол’ се жалат на уништени тревници, тротоари и урбана опрема, како и оштетени возила и дрвја. Затоа, градскиот инспекторат оваа година најави акција за казнување неколку дена однапред која заврши со досега рекордни бројки“, стои во соопштението на Град Скопје.

Од синоќешната акција, фото: Заедно, за заштитата на зеленилото на Карпош
Од таму тврдат дека градските и општинските служби повторно ќе ги реконструираат тревниците, но апелираме на поголема одговорност од граѓаните и посетителите на околните трговски центри.