Горан Кунгуловски, главниот директор на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина е говорник на ENGAGE 2020

Горан Кунгуловски ги има завршено докторските и пост-докторските студии на Универзитетот во Штутгарт, под менторство на проф. Алберт Јелтш, работејќи на развој на нови алатки за мапирање на хроматин, епигеномно уредување со протеини со цинк прсти и CRISPR / Cas9 .

Тој во моментов е главен директор за технологија на „Био Инженеринг“ ДОО и ко-основач и главен истражувач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Покрај тоа, тој е и ко-основач на „Нуклин“ ДОО , a работи како советник за здравствени услуги, биотехнологија и компании за медицински софтвер.

Кунгуловски е дел од говорниците на ENGAGE 2020, која ќе се одржи на 22-ри февруари со почеток во 12:00 часот во МКЦ, Скопје. Toj ќе зборува на темата „CRISPR технологија: каде сме сега и во кој правец се движиме?“

Деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи домашни и странски активисти-говорници на разни теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Листата на говорници сѐ уште не е затворена. Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата.

За да ја проследите конференцијата, може да се регистрирате тука.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.