Голем концерт на „Љубојна“ во Скопје

Групата „Љубојна“ го најави својот голем концерт на 20 декември, во Универзалната сала во Скопје. Концертот е насловен  „Љубојна музика на дланка“ каде специјален гостин ќе биде џез музичарот и пијанист Васил Хаџиманов.

Во текот на концертот ќе се свири музика од нивниот последен албум „Незгаснати огништа“, но и хитови од претходните албуми.

Влезниците веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се’“ и билетарницата на „Универзална сала“ по цена од 350 денари.Почетокот на концертот е закажан во 20:30 часот.

Групата досега ги има издадено и албумите: „П.С.О.“ (2005) со музика компонирана за театарската претстава „Парите се отепувачка“ според драмата на Ристо Крле, „Macedonia fresh“ (2008) со чалгиска музика, „Песна за мојата песна“ (2009), направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски, „Ljubojna in life“ (2011) – концерт снимен во живо, во Универзалната сала во Скопје, како и „Ljubojna Brass Fantasy“ (2012) снимен со голем дувачки оркестар.