Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Возбудени од матурската парада, учениците кои годинава завршуваат средно, напорно ги вежбаат чекорите за квадрилот. Веќе седма година по ред во Македонија, 13-та во Европа, задничкото играње квадрил на матурантите прерасна во традиција. Тие сеуште ги учат чекорите за танцот, се дружат и се забавуваат. Позитивноста се чувствува на пробите, а својата возбуда говорат и самите ученици.

Izjava maturant by Radio Mof on Mixcloud

Мотивот и посветеност кај учениците се големи и задоволство е да се работи со нив, вели организаторот Тодор Миладинов. Тие се надеваат дека годинава ќе го срушат и Гинесовиот рекорд во заедничко танцување, за што e потребно да излезат околу 30 000 матуранти. Овојпат, вели Миладинов, покрај квадрилот младите се подучуваат и на основните чекори за англиски валцер и салса.

Izjava Todor Miladinov by Radio Mof on Mixcloud

Матурската парадата ќе се одржи на 17 ти мај, во петок точно на пладне кога заедно во исто време, матурантите од шеесетина европски градови ќе танцуваат квадрил. Оние ученици кои што ги сретнавме во спортската сала во средното уилиштето „Раде Јовчевски Корчагин“ рекоа дека со нетрпение чекаат да дојде овој ден и да покажат што научиле.

Во продолжение, еве дел од атмосферата на денешниот час по танцување.       Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Годинава ќе се руши рекорд, матурантите учат квадрил

Добринка Темелкова