Скопската Општина Ѓорче Петров започнa со доделување на субвенции за купување на нови велосипеди.
„Ги повикуваме сите жители кои имаат купено велосипед во 2025 година или планираат да купат до 30 јуни, да аплицираат и да добијат до 3.000 денари поврат на средства“, стои во вовикот.
Од таму објаснуваат дека јавниот повик важи до 30 јуни 2025, или до исцрпување на буџетот.
„Аплицирајте лично во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 до 15 часот. Поддржуваме здрав живот и еколошки превоз“, посочуваат општинарите.
Целосниот повик и потребните обрасци се достапни на: https://bit.ly/4459SzI